Велика Британија предупредува: Царината со ЕУ е неизбежна

Вторник, 11 Февруари 2020 11:50 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Британската влада вчера предупреди дека компаниите кои извезуваат во ЕУ треба да бидат подготвени, велејќи дека е „неизбежно“ царинските контроли да бидат вратени на границите.

Лондон планира повторно да го контролира увозот на стока со потекло од ЕУ на границите по преодниот рок што завршува на 31 декември, се вели во соопштението на британската влада.

Велика Британија ќе биде „надвор од единствениот пазар и царинската унија од 2021 година и треба да биде подготвена за царинските процедури и контроли што неизбежно следат“, рече Мајкл Гоув, еден од министрите во владата на премиерот Борис Џонсон.

Велика Британија вети дека ќе ги примени правилата на Унијата за преоден рок од 11 месеци до крајот на годината по официјалното излегување од ЕУ на 31 јануари. Во овој период, двете страни треба да постигнат договор за идните односи, особено трговијата.

Прочитајте и... Си Џипинг со маска на лице им порача на граѓаните да имаат доверба дека Кина ќе ја победи епидемијата
Увозот и извозот од ЕУ нема да добијат повластен третман, но ќе бидат потврдени со истите контроли како и за стоките од остатокот на светот, додаде Гоув. Тој додаде дека ЕУ исто така ќе контролира стоки што влегуваат на нејзината територија.

Во најголем дел, економистите предвидуваат многу негативно влијание врз британската економска активност, ако излезот од ЕУ не завршува со задоволителен договор за слободна трговија, и да биде де факто т.н. „тврд Брегзит“, без договор.