Кина ќе вложи 174 милијарди долари во економијата за да се опорави од штетата која ја предизвика корона вирусот

Вторник, 04 Февруари 2020 09:33 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Централната банка на Кина ќе инјектира вкупно 1.200 милијарди јуани (174 милијарди американски долари) во финансискиот систем, како поддршка за штетата која ја превизика корона вирусот,  пренесува BBC. Банката соопшти дека може да обезбеди дополнителна финансиска помош во текот на неделата.

Се подготвуваат и други мерки како онаа со која банките ќе може на засегнатите комании да им позајмат 300 милијарди јуани. Оваа мерка треба да гарантира доволно ликвидност во банкарскиот систем и ќе помогне да се стабилизира пазарот на валути, соопштија од Централната банка.

Властите најавија и помош за компаниите кои произведуваат важни производи за да започнат со производство што е можно поскоро. Тие, исто така, ги намалија царините за увозот на стоки што се неопходни за борба против вирусот, вклучително и оние од САД.

Денес беше првиот работен ден во Кина по продолжените новогодишни празници. Пазарите реагираа насилно на почетокот на тргувањето, при што цените на акциите на берзата во Шангај паѓаа за повеќе од осум проценти и избришаа 420 милијарди американски долари пазарна вредност за компаниите, пренесува Ројтерс.

Кинеските финансиски регулатори веруваат дека влијанието на епидемијата врз веќе слабите економија на Кина ќе биде „краткотрајно.“ Но, аналитичарите велат дека би можело да биде значајно доколку епидемијата продолжи.

Бројни компании го прекинаа производството или затворените продавници во Кина, вклучувајќи ги Фокскон, Тојота, Старбак, Мекдоналдс и Фолксваген. Некои ги насочија вработените да работат од дома. 

Минатата година, кинеската економија најмногу порасна во последните три децении, за 6,1 процент, делумно како резултат на долготрајната трговска војна со САД.