Брисел ќе воведе заедничка европска минимална плата

Петок, 17 Јануари 2020 07:55 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Брисел планира да воведе заедничка европска минимална плата. Данска, Шведска и Финска немаат минимална плата. Наместо тоа, за платите се преговара директно меѓу синдикатите и работодавачите – т.н. систем на колективно договарање – и обично се повисоки отколку во повеќето други земји на ЕУ.

Европската комисија ќе се обиде да ги убеди скептичните северни земји во Унијата да ја поддржат иницијативата. Тоа го најави Николас Шмит, комесар на ЕУ, одговорен за работни места и социјални права.

Тој рече дека започнале консултации за планот на Комисијата за борба против експлоатацијата на евтина работна сила во Европската унија и фактот дека во многу земји во Унијата работниците добиваат значително пониски плати за одредени професии отколку во други земји.