Тензиите на Блискиот Исток ја качи цената на златото

Петок, 10 Јануари 2020 13:00 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Затегнувањето на односите на Блискиот Исток ја вивна цената на златото на светските берзи на највисоко ниво во последниве седум години.

Златото, инаку се смета за безбедно засолниште за инвеститорите, дури и во време на политички и економски превирања, скокна за околу 1,5 проценти на 1.579 долари за унца, што е највисока цена од април 2013 година. Нервозата на пазарот продолжи да расте, а следствено на тоа растеше и цената на златото, па така една унца се искачи на вредност од над 1.600 долари, според најновите податоци.

„Златото во моментов остварува одредени придобивки бидејќи одмаздата не се сметаше за агресивна. Како сега ќе се движат цените на златото е насочено кон она што го кажува американскиот претседател Доналд Трамп“, изјави аналитичарот на Sako bank, Оле Хансен.

Истовремено, уште еден скапоцен метал, паладиумот, започна да ја менува својата цена. За само два дена, неговата цена скокна од 2.011 долари за унца на 2.097 долари.

Инаку, златото се смета за добра и безбедна инвестиција. Граѓаните исто така, можат да тргуваат со овој скапоцен метал. За разлика од парите, кај златото нема инфлација. Неговата цена, сепак, е варијабилна, но порано или подоцна секогаш се враќа на претходното највисоко ниво.

Цената на златото низ историјата многу се менувала. Највисокиот двоцифрен раст на златото е забележан на 10 септември 1980 година. Потоа, унцата чинеше 686,5 долари на берзата. Тоа е околу 2,5 пати помалку отколку денес.

Последен пат изменето на Петок, 10 Јануари 2020 13:11