Австрија објави список на 54 дефицитарни занимања

Четврток, 09 Јануари 2020 12:30 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Во Австрија има недостиг од квалификувани работници за дури 54 занимања. Австриското Министерство за труд подготви и список за вработување на странски квалификувани работници, т.н. Нацрт за побарувачка на професии за 2020 година, со кој се дефинира побарувачката за работници особено занимања и можноста за вработување странски квалификувани работници.

Оваа регулатива важи за сите граѓани на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора кои имаат завршено краткорочно стручно училиште и кои сакаат да бидат вработени во Австрија.

Стручната работна сила што не е од ЕУ може да аплицира за издавање дозволата „Rot-Weiß-Rot – Karte“.

Оваа дозвола може да се побара или во надлежната австриска амбасада т.е. конзулати во странство или директно во Австрија, доколку подносителот на барањето има право да влезе во Австрија без виза, што е случај за скоро сите граѓани од Западен Балкан.

Вака изгледа прелиминарниот список на дефицитарни занимања по покраини во Австрија за 2020 година:

Корушка: Фризери.

Долна Австрија: Слаткари, Стаклари.

Горна Австрија: Градежни работници за нискоградба, инсталери за машински уреди, референти за набавки, други занимања во машинската обработка на метали, книговодители, технички изработувачи, месари, контролори на железнички сообраќај, фризери, метални монтери, тапацири, шпедитери, козметичари, економисти и други хотелски техничари, слаткари, трговија на мало со текстил и облека, машинисти, трговци и продавачи на прехранбени производи, стаклари, пекари, магационери, молери, градинари, маркетинг експерти и готвачи.

Салцбург: Молери, фризери, технички изработувачи, медицински сестри и сродни професии, економисти и други хотелски техничари, сметководители, келнери, трговци и продавачи на прехранбени производи.

Штајерска: Шпедитери, фризери, брокери за осигурување, медицински сестри и сродни професии и сметководители.

Тирол: Економисти и други хотелски техничари, фризери, молери, козметичари, трговци и продавачи на прехранбени производи, продавачи на текстил и облека и продавачи, келнери, негуватели и сродни професии.

Воралберг: Трговци и продавачи на прехранбени производи, фризери, економисти и други хотелски техничари, молери и келнери.