Судирот меѓу Америка и Иран ја качи цената на нафтата

Среда, 08 Јануари 2020 12:26 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Цените на нафтата пораснаа, а индексите на берзите во Азија се намалија денес, откако Иран упати ракети кон американските бази во Ирак како одмазда за убиството на иранскиот генерал.

Суровата нафта „брент“, како и американската референтна нафта, пораснаа за повеќе од три долари за барел, но потоа се намалија.

Индексот на берзата во Токио се намали за скоро два проценти, но некои загуби беа неутрализирани, додека индексот во Хонг Конг падна за еден процент.

Пазарите на Шангај, Австралија и Југоисточна Азија исто така закрепнаа.

По минатонеделниот потег финансиските пазари се наоѓаат во атмосфера од можна американско-иранска војна и прекин на испорака на нафта поради атентатот врз генералот Касем Сулејмани со напад со беспилотно летало во Багдад минатата недела.

Суровата сурова од типот Брент се зголеми за 73 центи на 69,02 долари. На почетокот на тргувањето во средата скокна за 3,48 долари на 71,75 долари, но подоцна цената падна.

Референтната американска нафта порасна за 61 цент на 63,31 долари за барел на електронското тргување на берзата во Њујорк. Претходно, скокна за 2,95 долари, на 65,65.

Пред нападот од страна на Иран врз американскaта војска, налетот на инвеститорите да инвестираат во безбедни средства попушти.

Цената на златото во вторникот падна, откако ја достигна својата највисока цена во последните седум години.

На девизните пазари, доларот падна во однос на јенот, 108,31 јени. Еврото остана непроменето на 1.1151 американски долари.