Трговската војна со Кина ништо не и може, американскта економија расте повеќе од планираното

Четврток, 28 Ноември 2019 08:18 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Американската економија во третото тромесечје пораснала повеќе од прогнозираното без разлика на трговската војна со Кина, а цените се задржаа на умерено ниво, се вели во најнов извештај на американското Министерство за трговија.

Корекцијата на стапката на растеж на економијата од 1.9 на 2.1 отсто е одраз на зголемените количини на извоз и инвестиции во станбениот сектор, велат од министерството.

Сепак, има и некои загрижувачки фактори. На пример, намалени се инвестициите во производството, а причина е трговската војна со Кина. Од друга страна, компаниите складираат повеќе стока што значи дека има страхувања од нови царини или дека растот на количините на конзумирана стока се успорува.

Во првото тромесечје растот на американскиот БДП беше 3.1 отсто, во второто 2 отсто, а во третото нешто над 2 отсто.

Расходите за потрошувачка, кои учествуваат со 70 отсто во БДП на САД, засега се на високо ниво и пораснале за 2.9 отсто, при што се одбележува раст на стоките за долгорочна употреба, како автомобили и техника и порачките на овие стоки пораснале за 0.6 отсто.

Негативен фактор беше 40-дневиот штрајк на работниците во „Џенерал Моторс”, но негативниот ефект од тоа се компензираше со повеќе порачки кај „Боинг”.

Инвестициите во недвижностите, водени од намалените каматни стапки, пораснаа за 5.1 отсто, најдобар показател во последните две години.

Трговската војна со Кина придонесе обемот на извоз во второто тромесечје да се спушти за 5.7 отсто, но извозот во третото се зголеми за 0.9 отсто. Увозот исто така порасна за 0.8 отсто.

Прочитајте и... Мицкоски: Наскоро ќе имаме визија за тоа како ќе изгледа Македонија за 10 години
Според Министерството за трговија, инфлацијата на годишен план во октомври се задржала на ниво од 1.3 отсто.