Американски милијардер влегува во трка за претседател

Петок, 22 Ноември 2019 07:48 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Милијардерот Мајкл Блумберг како демократ синоќа предаде кандидатура за претседателската трка до Федералната изборна комисија.

Откако предаде формално кандидатура, Блумберг може да почне да собира средства за кампањата.

Негов соработник изјави синоќа дека конечната одлука за кандидатурата не е донесена. Блумберг (70) еден од најбогатите Американци сигнализираше дека може да биде дел од предизборието во Демократската партија навестувајќи дека според него, досегашните 20 кандидати се слаби за избор.

Ако влезе во трката веројатно ќе мора да се откаже од неколку држави каде негови потенцијални противкандидати веќе со месеци таму водат кампања. Блумберг веќе се регистрираше за избори во Алабама, Арканзас и Тексас.

Последен пат изменето на Петок, 22 Ноември 2019 08:11