Цената на американската „лесна“ нафта (WTI) денес порасна за 23 центи или за 0,42 отсто на 55,44 долари за барел, додека северноморската нафта „брент“ поскапе за 32 центи или за 0,53 отсто на 61,23 долари за барел, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ вчера помина низ Ормутскиот Теснец, низ кој се пренесува околу една петина од светска нафта, откако иранските лидери ги обвинија странските сили на повеќедневните протести поради зголемувањето на цените на горивата во таа земја.
Тензиите во Персискиот Залив ескалираат уште од летото, кога се случија повеќе напафи на нафтени такнери, а потоа и на една клучна саудиска нафтена постројка.