Боинг постави нов рекорд за најдолг лет, патниците два пати видоа изгрејсонце

Понеделник, 18 Ноември 2019 08:02 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Патничкиот авион Боинг 787-9 „Дримлајнер“ урна рекорд и со тоа ја прослави австралиската авиокомпанија „Quantas Airlines“ со најдолгиот лет во историјата.

Авионот, кој леташе од Лондон до Сиднеј, поминал 19 часа и 19 минути во воздухот, со што го срушил октомврискиот рекорд за пет минути.

Во текот на летото, патниците имаа единствена можност да го видат изгрејсонцето и во Европа и Азија.

Овие летови се извршуваат во рамките на Проектот Изгрејсонце за да се тестира нивната профитабилност.

Последен пат изменето на Понеделник, 18 Ноември 2019 08:12