Германскиот исток сѐ уште каска зад западот

Петок, 08 Ноември 2019 13:46 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Триесет години по падот на Берлинскиот ѕид, Германија е најсилна економија во Европа. Но каква е состојбата во земјата? Дали и натаму има разлика во стандардот меѓу истокот и западот на Германија? Повторното обединување на Германија - тоа беше навистина скап проект.

За изградбата и економското заздравување на поранешната Германска Демократска Република, од 1990. до денес потрошени се околу 1.600 милијарди евра. Со државни пари беа обновени патиштата и телекомуникациите, санирани градовите, а многу пари беа вложени и во економијата и во социјалниот систем. Но и покрај сѐ, истокот и натаму заостанува зад западот. Без разлика дали станува збор за висината на платите, за инфраструктурата или за бројот на луѓе на кои им се заканува сиромаштија во староста, разлики и натаму постојат.

Последен пат изменето на Петок, 08 Ноември 2019 13:57