Индија под закана од напливот на кинески производи

Вторник, 05 Ноември 2019 10:11 Напишано од  Објавено во СВЕТ

За време на конференцијата на земјите членки на АСЕАН, Индија соопшти дека нема да ја поддржи Кина во нејзиниот обид да го предводи новиот договор за слободна трговија во азиско- пацифичкиот регион.

Причина за ова, според владата во Њу Делхи е експанзијата на кинеските производи во Индија што сериозно го загрозува домашното производство и економијата на земјата.

Во азиско- пацифичкиот регион членуваат Индонезија, Тајланд, Сингапур,Малезија, Виетнам, Мијанмар, Камбоџа,Лаос, Брунеи, Кина, Јапонија, Јужна Кореа, Аустралија и Нов Зеланд.

Овие 15 држави на конференцијата во АСЕАН постигнаа договор во 2020 година да започне процесот на воспоставувањето на најголемиот простор за слободна трговија во светот

Последен пат изменето на Вторник, 05 Ноември 2019 19:49