„Мајкрософт“ ја тестираше скратената работна недела во Јапонија, од резултатите сите среќни

Вторник, 05 Ноември 2019 09:09 Напишано од  Објавено во СВЕТ

„Мајкрософт“ во Јапонија ја тестираше идејата да се намали работната недела на четири дена. 

При тоа се покажало дека скратената работна недела ја зголемила продуктивноста за 40 отсто благодарение на пократките и поефикасни состаноци. Вработените биле воодушевени од ваквиот начин на работа, а 92 отсто од нив ја пофалиле идејата за четиридневна работна недела и продолжен викенд зашто им помогнала во воспоставување подобра рамнотежа помеѓу работата и животот.

Во експериментот учествувале 2.300 вработени кои имале продолжен викенд без намалување на платата и без скратени денови од годишниот одмор. 

Последен пат изменето на Вторник, 05 Ноември 2019 09:26