Трамп? Брегзит? Koj е најголемиот ризик за економијата?

Четврток, 17 Октомври 2019 13:58 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Бродскиот транспорт има клучна улога за глобалната економија, но истовремено е еден од поголемите загадувачи на животната средина. Новите правила стапуваат на сила на почетокот на 2020 година, но тие скапо ќе чинат.

Ако парите се „горивото“ на светската економија, тогаш бродовите се централното транспортно средство за глобалната трговија. Според податоците на Меѓународната поморска организацијата (ИМО), органот на ООН задолжен за регулирање на глобалниот бродски транспорт, над 90% од светската трговија е управувана по море. Тоа е сѐ уште далеку најевтиниот, но и најзагадувачкиот транспорт на стока и суровини низ светот.

Според најновата студија на ИМО, за  емисија на штетни гасови  и климата од 2014 година, бродскиот транспорт испушта 940 милиони тони ЦО2 во атмосферата што претставува 2,5% од глобалната емисија на гасови со ефект на стакленичка градина.

Но, постои уште еден  еколошки проблеми  кој со себе го носи оваа индустрија – количината на опасен јаглероден диоксид (ЦО2), кој се ослободува од бродовите во океаните при нивното патување од пристаниште до пристаниште. Поради користење на евтин и неквалитетен мазут, бродскиот транспорт е одговорен за 13% од емисијата на ЦО2, иако на него отпаѓа само пет проценти од глобалната побарувачка на нафта.

Затоа новите еколошки регулативи за ограничување на емисијата на штетни гасови  од бродовите, која треба да стапи на сила во 2020 година, може да има големо влијание врз оваа особено загадувачка бранша. Ефектот нема да биде само еколошки – само според придружните трошоци и степенот на зависност на сите компании од бродскиот транспорт, има многу индикации дека целокупната глобална економија ќе ги почувствува последиците од новата регулатива.