Објавен списокот на најбогатите Германци според списанието „Менаџер“

Вторник, 01 Октомври 2019 12:56 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Членовите на семејството Рајман, кое управува со империјата за производство на кафе и шампон, се најбогати Германци, според списокот на списанието „Менаџер“.

Со богатство од 35 милијарди евра, оваа претприемачка династија е водечка на списокот на „Менаџер“.

Секоја година весникот објавува список со 1.001 најбогат германски граѓанин врз основа на вредноста на акциите на нивните компании.

Семејството Рајман и нивната компанија „ЈАБ холдинг“ стојат зад производителот на кафе и чај „Jaкобс дув егбертс“ и производителот на шампони „Вела“.

На второ место е основачот на „Лидл“, Дитер Шварц, со богатство од 27,5 милијарди евра.

По нив, следуваат акционерите на БМВ, Сузана Клатен и Стефан Квант, први на ланскиот список, со 26,5 милијарди евра.