Грција очекува до 500 милиони евра загуба поради пропаѓањето на компанијата Thomas Cook

Вторник, 24 Септември 2019 14:44 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Стечајот на британската туристичка компанија Thomas Cook е најтежок удар за Грција после финансиската криза во 2008 година и во туристичкиот сектор може да предизвика загуба од дури 500 милиони евра, предупредуваат грчките медиуми. Грција го заземаше третото место на листата со популарни дестинации на компанијата Thomas Cook и минатата година компанијата во земјата однела 2,8 милиони туристи.

 

Од туристичката организација SETE проценуваат дека загубите поврзани со стечајот на британската туристичка компанија може да изнесуваат од 250 до 500 милиони евра. Од здружението на грчки хотелиери GTP проценуваат дека загубата ќе изнесува некаде околу 300 милиони евра.

Thomas Cook во Грција управуваше со четири хотели, кои вработуваат околу 640 работници. Сега е неизвесна и нивната иднина.

Грција во 2010 година падна во тешка финансиска криза и беше принудена да спроведува тешки реформи за да добие три пакети финансиска помош. Последниот од тие пакети заврши пред нешто помалку од една година. Грчката економија се опорави во изминатите две години, а главната причина за тоа беше тому туризмот кој во грчкиот БДП има удел од 23%, наведуваат медиумите.