СЛОВЕНЕЧКАТА „АДРИЈА ЕРВЕЈС“ ПРИВРЕМЕНО ГИ ОТКАЖА СИТЕ ЛЕТОВИ ОД И ДО СКОПЈЕ

Вторник, 24 Септември 2019 14:37 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Словенечката авио компанија „Адрија Ервејс“ ги откажа сите летови од и до Скопје. Компанијата објави дека привремено ги прекина сите летови поради финаиски проблеми. Управата на превозникот побарала четири милиони евра од владата, но тие средства не биле одобрениОдлуката за прекинување на летовите се должи на недостигот пари што и се потребни на авиокомпанијата за да продолжи да работи.Компанијата интензивно бара решение во соработка со потенцијален инвеститор – сооптил менаџменот. Словенечкиот авиооператор привремено ги прекина сите летови од своите бази во Љубљана, Приштина и Тирана, а со тоа и сите летови до и од аеродромот во Скопје. На патниците им се препорачува да ги следат информациите на официјалната веб страна.