Германскиот автомобилски гигант одлучи: Тешки камиони ќе произведуваме во Кина

Четврток, 22 Август 2019 13:08 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Германскиот Daimler планира тешки камиони од марката Mercedes Benz да произведува во Кина и да ги обнови фабриките за камиони чиј сопственик е неговата локална компанија.

Ова ќе го продлабочи сојузот помеѓу Daimler и неговиот кинески партнер, компанијата Beigi Foton Co.

Овој потег доаѓа откако компанијата Beijing Automotive Group (BAIC), матична компанија на Foton, минатиот месец купи пет проценти акции во Daimler.

Уште во 2016 година, тогашниот директор на одделот за тешки камиони на Daimler за германските медиуми изјави дека производството на тешки камиони под името Actros марка Mercedes Benz е планирано во Кина до крајот на оваа деценија.

Според најновиот план, мешаната компанија Beijing Foton Daimler Automotive (BFDA) ќе започне со производство на Actros на своите производни линии, кои во моментот произведуваат камиони Auman, велат извори запознаени со ситуацијата.

Сите камиони на Mercedes Benz кои моментно се продаваат во Кина се увезуваат и нивната цена е значително повисока од цената на камионите, кои се направени во земјата.