British Airways пред рекордна казна поради непочитување на GDPR

Вторник, 09 Јули 2019 13:32 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Авиопревозникот British Airways е пред најголемата казна која досега е изречена по GDPR. Компанијата се соочува со казна од 230 милиони долари (189,30 милиони фунти), што ако се изрече ќе биде рекорд, пренесе BBC.

Причина за казната е пробивањето на заштитата на сајтот на British Airways и крадење на податоците на 500 000 корисници. Од британската Канцеларија на комесарот за врски велат дека ја известиле компанијата за својата намера да им изречат огромна казна. Сега British Airways има 28 дена за жалба пред да им  биде изречена и конечната казна.

Казната не е поради единствено поради пробивање и кражба на податоците. Главната причина е што поминаа 3 месеци пред да го пријават пробивањето, но и лошото чување на податоците. По GDPR компаниите мораат сите нарушувања на безбедноста да ги пријават веднаш. Ова не е најголема кражба на лични податоци, но е најголема по воведувањето на GDPR. До неодамна максималната казна во Британија по ова обвинение беше 500 000 фунти. Според GDPR компанијата може да биде казнета до 4 отсто од глобалната заработка, во случајов казната е 1,5 отсто од заработката.

„Личните податоци на луѓето се токму тоа, лични. Кога некоја организација нема да ги заштити податоците од губење, штета или кражба тоа е повеќе од обична непријатност. Затоа законот е јасен – кога ќе ви ги доверат личните податоци мора да ги чувате. Тие што не ги чуваат ќе се соочат со контрола од мојата канцеларија за да провериме дали се преземени сите мерки за заштита на основните права за приватност“, вели Елизабет Денам, офицер на канцеларијата за врски.

На дел од клиентите на British Airways во овој напад им беа украдени куп податоци. Имињата, имејл адресите, броевите на платежни картички, дата на истекување на картичката, CCV се дел од податоците кои се украдени. За среќа од компанијата велат дека податоците од пасошите не се допрени.