12 земји на Европската Унија имале суфицит во буџетот за 2018 година

Среда, 24 Април 2019 14:33 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Дванаесет земји на Европската унија во 2018 година оствариле суфицит во буџетот. Австрија остварила далеку најнизок буџетски суфицит во износ од 0,1 проценти од БДП, покажал извештајот на Еуростат. Досега најголем суфицит во буџетот остварил Луксембург, од 2,4 проценти од БДП.

Во групата земји со суфицит се Данска со 0,5%, Литванија и Словенија со 0,7%, Чешка и Шведска со 0,9%, Грција 1,1%, Холандија 1,5% , Германија со 1,7% и Бугарија и Малта со 2%.

Само Ирска во 2018 година имала избалансиран буџет.

Буџетскиот дефицит на горната граница од три проценти од БДП во ЕУ бил забележан во Романија, додека Кипар го надминал дефицитот од 4,8% од БДП, според извештајот на Еуростат.

Во просек, во ЕУ во 2018 година забележала буџетски дефицит од 0,6% од БДП, што е за 0,4% помалку во споредба со претходната година. На ниво на 19-члената еврозона, буџетскиот дефицит во 2018 година бил преполовен и изнесувал 0,5% од БДП.

Јавен долг

Најголем удел на долгот во однос на БДП има Грција од 181,1%, Италија 132.2%, Португалија 121.5%, Кипар 102,5%, Белгија 102%, Франција 98,4% и Шпанија 97,1%.

Најнизок јавен долг на крајот од минатата година забележала Естонија од 8,4%, следува Луксембург со 21,4%, Бугарија со 22,6% и Чешка со 32,7%.

Во таа група се и Данска и Литванија со 34,1% односно 34,2%.

На ниво на ЕУ и еврозоната учеството во јавниот долг во однос на БДП дополнително се намалил во споредба со претходната година. Во ЕУ во 2018 се намалил на 80% од БДП, со ревидирани 81,7% година порано.

Во еврозоната се намалил за два проценти во однос на ревидираните податоци за 2017 година и изнесува 85,1%.