Шпанија ќе гради соларна електрана во Чернобил

Понеделник, 08 Април 2019 13:16 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Шпанија ќе инвестира околу еден милион евра од својот буџет за изградба на соларна електрана во градот Чернобил, што во 80-тите години од минатиот век беше зафатен од нуклеарна катастрофа.

Украина, земјата во којашто е сместен овој град, даде согласност официјален Мадрид да го финансира овој проект по Протоколот од Кјото за емисија на стакленички гасови, пренесува Russia Today.

Експерти во овој момент го развиваат проектот, па затоа не се знае точниот датум кога ќе започне изградбата. Идејата за претворање на Чернобил во соларна електрана не е нова, бидејќи претходно две компании од САД и четири од Канада биле заинтересирани за соларниот потенцијал на овој град.