Трамп се закани со повисоки царини за европските автомобили

Четврток, 21 Февруари 2019 13:18 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Претседателот на САД, Доналд Трамп, по вчерашниот состанок со австрискиот канцелар, Себастијан Курц, рече дека САД ќе наметнат царини на увоз на европски автомобили ако не биде постигнат трговски договор со ЕУ.

„Ако не успееме да се договориме, ќе воведеме царини“, изјавил Трамп.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, неделава рече дека американскиот претседател, познат по цврстиот протекционистички пристап кон трговијата, ветил дека засега нема да наметне дополнителни царини за увоз на автомобили од Европа.

Според статии во некои странски медиуми, Трамп би можело да воведе царини од 25 насто на увезените автомобили и авто-делови, опишувајќи го увозот како закана по националната безбедност.