Трамп, Макрон и Меј го откажаа учеството на економскиот форум во Давос

Понеделник, 21 Јануари 2019 12:41 Напишано од  Објавено во СВЕТ

 

Подготовките за Светскиот економски форум во Давос, кој ќе почне на 22 јануари и ќе трае до петок, 25 јануари, а на кој се проценува дека ќе учествуваат околу 3 000 учесници, се во завршна фаза. Организаторите посочија дека сè е подготвено за собирот на најмоќните луѓе во светот.

Илјадници бизнисмени и политички лидери од целиот свет ќе се соберат во Давос, Швајцарија, на Светскиот економски форум за да разговараат за глобалните прашања. Главната тема на форумот оваа година е „Глобализација 4.0: Создавање нова архитектура во ерата на четвртата индустриска револуција“.

Организаторите посочија дека 65 шефови на држави и влади, и околу 40 лидери на меѓународни организации, меѓу кои и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ќе бидат дел од форумот, додека претседателот на Светскиот економски форум изјави дека околу 37 шефови на држави и владите ќе бидат од Европа и Евроазија.

Трамп, Макрон и Mej го откажаа своето доаѓање.

Според најавите, тие нема да присуствуваат поради серијата  кризи кои влијаеја на глобалната економија. Причината поради која Макрон го откажа своето доаѓање се протестите на „жолтите елеци“.

Меј своето доаѓање го откажа поради ситуацијата со брегзит, за која посочи дека сега во овие моменти е потребно да се вклучат сите напори за решавање на ова прашање, пренесоа тамошните медиуми.