Swiss Re очекува побарувања за 1,3 милијарди долари во четвртиот квартал

Среда, 16 Јануари 2019 11:44 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Компанијата за реосигурување „Swiss Re“ очекува побарувања во вкупна вредност од 1,3 милијарди долари за четвртиот квартал од минатата година, откако пожарите во Калифорнија, тајфуните во Азија и загубата на сателит влијаеле на резултатите на компанијата на крајот на 2018-та.

Компанијата со седиште во Цирих соопшти дека очекува најтешкиот крај на годината да доведе до парична „тежина“ од побарувања во износ од 2,9 милијарди долари за целата 2018-та како последица како на природни, така и на големи катастрофи предизвикани од човекот, соопштува „Ројтерс“.

Таа очекува загубите во индустријата за осигурување во целина да е 81 милијарди долари. Износот иако е голем и е далеку од рекордните 144 милијарди долари во 2017-та година, според „Swiss Re“ износот ако остане без промена, ќе е четвртиот по големина во историјата.

Само смртоносните пожари во Калифорнија, во кои загинаа 85 лица и над 20.000 објекти беа уништени, ќе доведат до побарувања од „Swiss Re“ за сума од 375 милиони долари, а оние од тајфуите Џеби и Трами во Азија до 320 милиони долари.

Загубата на сателит, големиот индустриски пожар во Германија и зголемувањето на очекуваните побарувања за поплавите од браната Итуанго во Колумбија, исто така се очекува да влијаат.

„Последниот квартал од 2018-та година беше тешко погоден од природни катастрофи“, вели во соопштението Едвард Шмит, главениот осигурител на „Swiss Re“.

„Работиме одблизу со своите клиенти, за да гарантираме дека засегнатите лица и заедници ќе бидат поддржани“, додаде тој.