СВЕТ

Основачот на Мајкрософт за „Дејли шоу“ изјавил дека неговата фондација ќе помогне побргу да се мобилизира владата за борба против пандемијата на коронавирус.
Претставници од технолошката индустрија ја повикуваат владата во Велика Британија да обезбеди 300 милиони фунти помош за да може да продолжат да работат старт – ап компаниите додека трае кризата со коронавирусот.
Словенечката Влада, по дводневно заседание, конечно го усогласи и објави таканаречениот „Корона Закон”, со кој граѓаните и компаниите ќе добијат директна државна финансиска помош од три милијарди евра, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Автомобилскиот гигант „Тојота“ нема да ги отвори фабриките во европските земји до 20 април.
Владата на Велика Британија најави итни мерки за помош за самовработените откако се соочи со зголемен притисок за да ја усогласи финансиската помош што им се нуди на другите работници за време на пандемијата со новиот коронавирус.
Владите во Хрватска и Босна и Херцеговина најавија дека ќе ги намалат платите во јавниот сектор за време на епидемијата на коронавирусот.

Нови рестрикции во авиосообраќајот

Понеделник, 23 Март 2020 13:36
Нови ограничувања на воздушниот сообраќај денеска се воведени во Австралија, Нов Зeланд, Обединети Арапски Емирати, Хонг Конг, Сингапур и Тајван во рамките на мерките против пандемијата со новиот коронавирус.
Германската Влада денеска донесе одлука да усвои пакет мерки за помош на економијата и зачувување на работните места, за што е предвидено ново задолжување од околу 156 милијарди евра.
Албанскиот премиер Еди Рама синоќа го претстави планот на Владата од седум точки за потребите за финансирање на оние кои се директно погодени во нивната економија поради парализирање на животот со драстични мерки против коронавирусот.
Словенечката Влада подготви предлог закон кој предвидува одложување на плаќањето на кредитите за компаниите.