МАКЕДОНИЈА

Владата информира дека донесе Уредба со која се определува дека финансиската поддршка за спас на работни места ќе се спроведува преку Владина Програма за финансиска поддршка на работодавачи погодени од здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД-19 со исплата на финансиски средства на сметка на работодавачот-барател за исплата на платите на работниците за месеците април и мај 2020 година во износ најмногу до 14.500 денари месечно по работник.
Уставниот суд ќе ја преиспитува уставноста и законитоста на три владини Уредби со законска сила донесени во вонредната состојба. Тоа значи дека пратениците, директорите, судиите, обвинителите и сите останати избрани и именувани лица за април и мај нема да земат минимална плата, како што беше најавено, односно и понатаму ќе продолжат да земаат целосна плата
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 36 оздравени пациенти во: Скопје-19, Куманово-1, Штип-5, Прилеп-4, Тетово-1, Струга-1, Велес-3, Гостивар -2.
На денешната 47-ма седница, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници.
Oрганизирана колона од камиони, автобуси, комбиња со вклучени сирени попладнево се движи низ центарот Скопје.
На социјалните мрежи се појави информација дека Владата донела уредба со која учениците се враќаат во училиште од 18 мај.
Владата денеска ќе одлучува дали граѓаните ќе ги поминат првомајските празници во тридневен карантин, по препораките на Комисијата за заразни болести која предложи полицискиот час во земјата за 1 Мај да трае од 19 часот в четврток до пет часот в понеделник, сличен на оној на Велигденските празници.
Асоцијацијата на здруженија на работодавачи на превозните трговски друштва во државава Макам-транс за денеска напладне најави протест со барање да се укине Уредбата за зголемување на акцизата на горивата за три денари и да се воведе прогресивен данок на доход за сите стопански и нестопански дејности.
Владата објави неколку огласи за јавни набавки за купување на апетисани, леб, кори за пита, кадаиф и кафе.
Камионџиите утре излегуваат на протест, незадоволни од поскапувањето на акцизата за 3 денари. Тие инсистираат да се повлече акцизата за која тврдат дека сериозно удрила врз бизнисот. Наместо тоа бараат од Владата да воведе прогресивно оданочување.