МАКЕДОНИЈА

Категорично изјавувам дека во извршувањето на функцијата заменик претседател на Владата задожлен за координација на економските ресори во целост се придржуам кон почитување на законските прописи. Соодветно на тоа и во комункацијата со сите останати институции во државата се водам од интересите на државата и граѓаните согласно законските прописи, реагира вицепремиерот Кочо Анѓушев по денешната одлука на Антикорупциската комисија премиерот Зоран Заев да отвори постапка за утврдување одговорност за носењето на владината одлука за намалување на акцизата за увоз на литиум-јонски батерии.
Државната комисија за спречување на корупција ја прекина постапката против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, која беше отворена по допрен глас, а се однесуваше на добивањето концесии за изградба на хидроцентрали. Комисијата едногласно ја донесе одлуката дека нема одговорност односно судир на интереси.
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) отвори предмет за вицепремиерот Кочо Анѓушев поради владината одлука за намалување на царината за литиумски батерии за акумулатори. Според актикорупционерите, Анѓушев не се изземал во вториот дел од постапката, односно  присуствувал на седница на Влада каде била усвоена одлуката.
Од денеска почнува да важи обврската за задолжително носење зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15 март наредната година.
Слоганот „Macedonia the GReat“, со потенцирани букви ГР како кратенка за Грција и буквата „М“ како ознака, испишани со бело на сина позадина, се новите колективни трговски ознаки за грчките производи од грчката област Македонија, односно т.н. македонски производи.
Кавадарци ќе добие регионален вински музеј во градскиот парк. Едногласната одлука за основање денеска ја донесе Советот на општина Кавадарци.
Членовите на македонско-руската Мешовита меѓувладина комисија на денешната средба договориле соработката во досегашните области – енергетиката, транспортот и земјоделството, да се прошири и во други сектори.
Најдоцна до крајот на годинава се очекува да биде потпишан гранскиот колективен договор за администрација, за што веќе подолго време преговараат Синдикатот на УПОЗ и Министерството за информатичко општество и администрација.
Комората на медијатори при Сојузот на стопански комори на Македонија потпиша меморандум за соработката со Академијата за судии и јавни обвинители, со што двете институции ја унапредуваат и зацврстуваат меѓусебната соработка. 

Владиниот лирџет принудно слетал

Четврток, 14 Ноември 2019 08:03
Капетанот на владиниот воздухоплов попладне во контролата на летање на Скопскиот аеродорм пријавил ситуација за итност поради предното тркало и по процедурите безбедно слетал на аеродромот, информираа за МИА од Контролата на летање М-НАВ.