МАКЕДОНИЈА

Само во изминатите денови, донесовме бројни одлуки што се во интерес на граѓаните и државата. Платите во градинките и социјалната заштита пораснаа значително. Над 3.100 вработени во детските градинки добиваат повисоки плати за околу 3.000 денари. 1770 вработени во социјалната заштита добиваат повисоки плати за над 4.300 денари. Започна распределбата на картичките за мерката зелена нафта за набавка на нафта за земјоделска механизација поевтина за 30 отсто. Со оваа мерка, 200 милиони денари ќе се вратат назад кај  55.000 земјоделци. Усвоен е Законот за земјоделско земјиште кој обезбедува фер и транспарентна распределба на земјоделското земјиште во државна сопственост и го поттикнува,…
Само шест од речи шеесет километри долгото охридско- струшко крајбрежје е урбанизирано, предупредуваат од Хотелската асоцијација на Македонија-ХОТАМ. Оттаму велат дека ситуацијата е статус-кво веќе неколку години а тоа ја оневозможува изградбата на нови хотелски капацитети, што директно влијае врз развојот на туризмот.   Потсетуваат дека одамна имаат поднесено барање за носење Генерален урбанистички план за целиот потег, но оти нема слух од институциите. Поради недостигот на хотелски легла, се жалат дека не можат да одговорат на се поголемиот интерес на странските тур-оператори. „Во моментот ако бараме локација за нов хотел, можам да кажам дека нема, не постои. Има луѓе,…
За разлика од работниците во стопанството, од вработените во јавниот сектор, годинава на некаков К-15 може да се надева само јавната администрација, чиј репрезентативен синдикат УПОЗ е при крај со преговорите со надлежните министерства Компаниите кои планираат овој месец да го исплатат регресот за годишен одмор, попознат како К-15, на сметките на своите вработени ќе треба да уплатат најмалку десетина илјади денари. Вредноста на К-15 расте заедно со растот на просечната исплатена нето плата во државата, па ако оние кои „го фатија првиот воз“ и регресот го исплатија на самиот почеток, во јуни, поминаа со 9.800 денари, фирмите кои ќе…
Една недела откако колабираше системот на Комерцијална банка, од банката денеска повторно информираат дека во следните неколку дена повторно може да дојде до недостапност на некои од сервисите.  „Поради надградба на системите на банката, во следните неколку дена можно е да дојде до краткотрајна недостапност на дел од сервисите за клиентите. Активностите се вршат со цел да обезбедиме бескомпромисна услуга во сите делови на работењето и се планирани да завршат во најкус можен рок, стои во соопштението од Комерцијална банка.  Минатата недела два дена банката се обдуваше да ги стави во функција сите сервиси откако се случи колапс на системот…
Без конкретни детали за условите, власта вчера ја најави мерката за субвенционирање, купување и вградување плински уреди во автомобилите која предизвика голем интерес во јавноста. Државата ќе покрива 50% од трошоците за вградување на плин, но не повеќе од 300 евра. Кои ќе бидат условите да се добијат државни пари, се уште не е дефинирано. Најверојатно еден од критериумите ќе бидат приходите во семејството. Стартот на мерката од новиот закон за возила, ќе зависи од ребалансот. „Очекувањата се првенствено опфатени да бидат 1 200 автомобили, но неизвесно е  дали ќе бидат опфатени и оние кои оваа година вградиле плин во…

Поевтинува парното греење

Среда, 31 Јули 2019 13:12
Според новиот ценовник на РКЕ за приклучените на БЕГ намалувањето е за 6 процени. За домаќинствата на ЕЛЕМ енергетика намалувањето е 13 отсо, а за приклучените на Скопје Север 12 проценти. Новите цени важат од први август. Градско парно користат 53.000 домаќинства.
Љупчо Николовски, поранешниот министер за земјоделство, на својот профил на Фејсбук објави дека од денес земјоделците ќе може да точат зелена нафта со платежните картички со што истата ќе им биде 30 отсто поевтина. „Од денес на зелена нафта за механизација..ЗборотВажи“, напиша актуелниот генерален секретар на СДСМ со што започна практичната реализација на најавата дека до крајот на месецот ќе влезе примената на предизборниот владин проект. Тече и рокот од 60 дена според кој компанијата која го доби тендерот треба да ги изработи сите платежни картички кои ќе бидат персонализирани, а земјоделците ќе можат да купуваат исклучиво Еуродизел. Картичките се доставуваат на…
Управата за јавни приходи информираше дека апликацијата „МојДДВ“ е ажурирана и има подобрена верзија. „Земајќи ги предвид сугестиите на корисниците, во новата верзија има технички унапредувања во однос на скенирањето на фискалните сметки. Притоа, системот „МојДДВ“ непречено функционира и ажурирањето на апликацијата не влијае на фискалните сметки кои што граѓаните досега ги скенирале“, информираат од УЈП. Заклучно со 30 јули, преку апликацијата „МојДДВ“ скенирани се 6.949.294 фискални сметки, остварен е промет од 3.529.985. 093 денари со пресметан ДДВ во износ од 381.833.364 додека повратот од 15 проценти изнесува 57.275.005 денари.
Според податоците на Евростат, 61,2 отсто од граѓаните на Северна Македонија не можат да си дозволат седумдневен одмор во некое одморалиште во текот на годината. Сепак, бројот на оние кои не можат да одат на одмор бележи пад во однос на 2010 година од кога се води статистичка евиденција за земјава, кога тој процент бил 74,2. Во Европската Унија, пак, на еднонеделен годишен одмор не можат да одат 28,3 отсто од граѓаните од државите членки на Унијата постари од 16 години. Годишен одмор не можат да си дозволат 58,9 отсто од Романците, 51,3 отсто од Хрватите и 51 отсто од…
Дека македонските бизнисмени се заинтересирани за надградување на своите познавања од областа на електронската трговија, говори фактот дека првите карти за Втората конференција за е-трговија во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, пуштени во продажба по Super Early Bird цена, беа распродадени уште во првите 10 дена. Во моментов во продажба се пуштени Early Bird картите, кои исто така се во ограничени количини и со промотивна цена од 79 евра (+ДДВ). Во фокусот на Втората годишна конференција за е-трговија на тема „Бизнис раст со е-трговија“, која ќе се одржи на 25 октомври во DoubleTree by Hilton, Скопје, ќе бидат…