МАКЕДОНИЈА

Сашо Василевски, околу кој деновиве се развива случајот со станот што го купил од фирма која е под истрага на СЈО, минатата недела беше разрешен од директорската позиција во МЕПСО, по препорака на Владата до надзорниот одбор на компанијата. МЕПСО беше можеби единственото акционерско друштво во државна сопственост во кое, во текот на „чистката“ на третиот ешалон на власта, е разрешен и целиот управен одбор. На завчерашната седница на Владата, пак, кога повторно се најдоа на дневен ред кадровски прашања, поточно пополнување на испразнетите функционерски места во третиот ешалон, изостана препорака за именување нови членови на УО на МЕПСО од…
-  93.7% од испитаниците поседуваат дебитни картички, а 22% ја користат и можноста да плаќаат на рати - 72.4% од Македонците картичката ја користат најмалку еднаш неделно - 49.5% од Македонците претпочитаат безготовинско плаќање за износи над 750 денари - Достапност до АТМ е топ причина за избор на видот на картичката кај 40 отсто од испитаниците, додека 30 проценти сметаат дека брзината на плаќање е нејзината најдобра карактеристика Мастеркард ги објави резултатите од MasterIndex истражувањето за финансиските потреби и навики на активните сопственици на картички во Северна Македонија. Оваа студија нагласува дека земјава е пазар со доминантно дебитно плаќање – 93.7% од испитаниците поседуваат дебитна картичка, додека 22% од…
Власта го објави тендерот за првите 2км од автопатот Скопје-Блаце, од граничниот премин до клучката Блаце. Автопатот ќе има две ленти за возење широки 3,5м и една за застанување. Една клучка кај селото Блаце и 2 кружни тека. Ќе се вози со 100км на час. Финансиите за автопатот се обезбедени, објавија Вицепремиерот Бујар Османи и директорот на државни патишта Зоран Китанов. Надлежните се оптимисти  дека изградбата ќе почне годинава.Рокот да се изградат овие 2км е 18 месеци. За овој дел претпријатието има обезбедено 10 милиони евра, но колку точно ќе чини ќе каже тендерот. Во меѓувреме ќе се работи на…
По ЕЛЕМ, и државната компанија МЕПСО ќе добие ново раководство. Ева Шуклева е предложена од Министерството за транспорт и врски за нов генерален директор, додека основачот на неделникот Капитал и новинар Љупчо Зиков, повторно е предложен од Владата за директор на финансии и комерција во МЕПСО. Тој и претходно беше предложен за оваа позиција, но во август 2017 година ја врати поканата и како што и напиша тогаш поради „многу пизма и зли мисли“ за него и неговото семејство. Зиков во минатото беше и претседател на партијата Алијанса за подобра Македонија, основана заедно со Минчо Јорданов и Владо Бучковски која…
Многу сум задоволен од сите процеси и целиот напредок што го има во Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) што се поврзани со Законот за енергетика. Северна Македонија најмногу  напредуваше од сите земји во Енергетската заедница (ЕЗ) во последната година и токму затоа РКЕ реши да прати апликација за добивање на статус на набљудувач во ACER– Европската агенција за координација на енергетските регулатори и ја отвори својата врата за членство во ЕЗ, порача Јанез Копач, директор на Секретаријатот на ЕЗ по состанокот во Скопје со претседателот и членовите на РКЕ. Тој посочи дека статус на набљудувач во ЕЗ засега има само Црногорскиот…
Стигна одобрувањето за останатите средства од постоечкиот кредит за автпатот Кичево – Охрид, но и одобрувањето за новиот кредит, и денеска во Владата изведувачите и подизведувачите на средба со вицепремиерот Кочо Анѓушев ќе донесат програма како ќе се одвива интезитетот на работа во наредниот период на овој автопат, информираше денеска директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов. Тој рече дека е дадена е наредба на „високо црвено светло" за програмата што ќе биде донесена на состанокот со Анѓушев, да се работи интезивно на изградбата на оваа делница и дека со изведувачите ќе се разговара за конкретни активности кои мораат…
Љубителите на обложувањето во Македонија ќе можат да се обложуваат во еден од најголемите обложувачки брендови на Балканот, обложувачницата „Меридијан“. Наспроти Соборниот Храм во Скопје е спремна локацијата за отварање на една обложувачки пункт на „Меридијан“, кој би требало да биде отворен за исклучително краток период. Меридиан се ланец на спортски обложувалници кои функционираат на Балканот, а и пошироко. Најголема популарност имаат во соседна Србија и Босна и Херцеговина, а нешто послабо познати се и во Црна Гора. Благодарение на високите коефициенти, тие се наоѓаат можеби во топ 3 обложувалници на нашите простори. Втора важна работа што треба да се…
Компаниите можат да поднесувaaт барања за користење финансиска поддршка согласно Законот и да ги искористат можностите за зголемување на нивната конкурентност, а со тоа и на севкупниот економски раст во земјата, беше истакнато на денешната прес конференција во Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК). Стопанствениците од Сојузот имаа можност од прва рака детално да се запознаат со измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите кој  на барање на деловната заедница е со зголемен опфат на бројот на сектори, со поедноставени критериуми особено за одредени индустрии како текстилна, кожарска, како и со  поедноставена постапка за аплицирање. Претседателот на Сојузот,…
Интензивно се работи на реконструкција на патотот од Тетово – Попова Шапка, а се очекува до крајот на септември оваа делница долга 18,2 километри да биде целосно реконструирана, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши, кој заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, и градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, денеска направија увид во изградбата на овој пат кој води до зимскиот центар Попова Шапка. Како што истакна министерот Бектеши, овој патен правец е исклучително важен, не само за локалното население во Тетово туку и за сите туристи коишто ќе…
Собранието на Република Северна Македонија денеска во рамки на 106. седница ја почна расправата по Завршната сметка на Буџетот за 2018 година. Во претпладневниот дел, расправата помина со низа реплики и контрареплики меѓу опозицијата и парламентарното мнозинство околу тоа колку фискалните политики во изминатата година се исправни. Опозицијата обвини дека економијата е во слободен пат и се повеќе тоне и оти власта предводена од СДСМ е далеку од реализација на проекти кои се во насока на подобар животен стандард. Според опозицијата, нема реализација кај големите инфраструктурни проекти, проектот за минимална плата е промашен, а намалени се и капиталните инвестиции. За…