МАКЕДОНИЈА

Советот на Општина Ѓорче Петров донесе одлука за ослободување на родителите од надомест за трошоци за градинка на територија на општината за периодот на траење на вонредната состојба во земјава.
Со половина милион евра, општина Маврово и Ростуше и националниот парк „Маврово“ ќе ги подобруваат туристичката понуда и достапноста на природните убавини во овој крај. До крајот на годината треба да се реализира проект што опфаќа изградба на излетнички точки, набљудувачници, обновување на планинарски патеки, набавка на возила за фото-сафари и други содржини наменети за престој во природа.
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ(„Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 24 мај (недела) е државен празник „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители. Исто така, 24 мај (недела) е државен празник на Република Северна Македонија - Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.
Министерството за економија како надлежно за секторот угостителство ги почитува сите предлози и препораки од Комисијата за заразни болести. Во зависност од препораката од Комисијата, Владата ќе расправа и ќе донесе соодветна одлука кога ќе почнат со работа угостителските објекти, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Равојната банка информриа дека расположивите средства со јавниот повик „Ковид1“ (338 милиони денари) во целост се исцрпени со последните одобрени кредити од пристигнатите апликации на ден 06.04.2020 година до крајот на работното време.
Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за половина до 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,56 отсто.
Во претседтаелката вила на Водно е регистриран првиот случај на корона. Станува збор за вработен во обезбедувањето.
Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска го презентираше третиот пакет на економски мерки кој изнесува 355 милиони евра и преку нив ќе бидат опфатени 730.000 корисници. Со овој пакет, вкупната помош за економијата од трите сета мерки изнесуваат 550 милиони евра или 5.5% од БДП.
Сојузот на стопански комори на Македонија, уште од почеток на здравствената криза, истакна дека фокус за надминување на последиците од пандемијата треба да биде ставен на зачувување на здравјето на граѓаните, задржување на работните места и креирање на економски мерки за поддршка на реалната економија за да не се дозволи ниту една компанија да затвори, вели претседателот на ССК, Данела Арсовска.
Уставниот суд на денешната седница изрече времена забрана за владината уредба со која се ограничуваше движењето на граѓаните постари од 67 години и од утре тие ќе можат да излегуваат од 5 до 19 часот, како и другите граѓани, а не од 5 до 12 напладне.