МАКЕДОНИЈА

Заменик-директорот на Платежната агенција, Авдул Селам Селами, денеска од скопската општина Чаир најави дека официјално се вклучува во кампањата „Мој ДДВ“. Со оваа мерка, како што рече, граѓаните имаат можност со секоја фискална сметка до 30.000 денари, да остварат поврат на 15 отсто од платениот данок на додадена вредност. Селами истакна дека секојдневно ја користи апликацијата „Мој ДДВ“. Со своето семејство ги скенира сметките со цел поврат на дел од парите кои ги потрошиле дома или во ресторан. -Со враќање на парите кај граѓаните се подбрува животниот стандард и куповната моќ, а со тоа позитивно се влијае и на економскиот…
Владата размислува да го намали ДДВ-то за увоз на нови, но и на половни возила во земјава. Ако тоа се случи, тогаш би отпаднала идејата за давање на државна субвениција од три илјади евра за набавка на возило со ЕУРО 5 или 6 стандардот, најавува за Алсат министерот за економија Крешник Бектеши. На тој начин ќе се избегне опасноста дел од граѓаните кои би аплицирале за државна помош за купување возило, да останат со празни раце. Во Владата се прават пресметки која опција ќе биде поисплатлива за државната каса, дали намален ДДВ за увоз или 3.000 евра за субвенционирање. „Не…
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја прими постојаната претставничка на програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Нарине Сахакјан. На средбата, претставничката на УНДП го информираше претседателот Пендаровски за актуелните проекти како и за идните приоритетни активности на организацијата во Република Северна Македонија. Двајцата соговорници изразија задоволство од воспоставената плодна соработка меѓу Северна Македонија и мисијата на УНДП изразена низ голем број успешно реализирани проекти и иницијативи, коишто непосредно влијаат врз подобрувањето на целокупниот квалитет на живот на граѓаните на државата. Претседателот Пендаровски ја нагласи исклучително важната улога на мисијата во остварувањето на нашите развојни цели, како…
Потпретседателот на Сојуз на стопански комори, Габриела Кулебанова и директорот на Царинската Управа, Ѓоко Танасоски со компании членови на Сојузот, дискутираа за важноста од дигитализацијата и осовременувањето на Царинското работење. За да се обезбеди успех на реформските програми потребна е конструктивна и одржлива двонасочна комуникација и интеграција помеѓу царината и деловната заедница.
Управата за јавни приходи ве известува дека веб апликацијaта МојДДВ за увид во износот на поврат на 15 % од ДДВ и бришење на фискални сметки коишто се скенирани по грешка, од денеска е достапна за граѓаните на македонски албански и англиски јазик. Веб Апликацијата МојДДВ може да се преземе на следниот линк којшто е поставен на официјалната веб страната на УЈП https://mojddv.ujp.gov.mk/ Повеќе детали за функциите коишто ги нуди веб апликацијата МојДДВ како и за чекорите за користење се содржани на следниот линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/721
Витаминка ќе додели 4 целосни стипендии за додипломски студии за академската 2019/2020 година. Стипендиите ќе се доделат по две на Машинскиот факултет во Скопје, и тоа во некоја од насоките производно инженерство; материјали, процеси и иновации; индустриско инженерство и менаџмент; мехатроника; автоматизација и управувачки системи. Другите две стипендии ќе бидат за кандидатите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, односно некоја од насоките електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија; електроенергетика, управување и менаџмент. Со доделувањето стипендии Витаминка има за цел да ги поттикне младите да го изградат својот професионален профил во некоја од техничките насоки и ги…
Орце Камчев изутринава се појавил пред шефицата на обвинителството за гонеење на организиран криминал Вилма Русковска. Бил викнат како сведок, без најава ниту информација во медиумите. Така и си заминал, а што кажал останува тајна во истрагата. Тој пријави „рекет“, а ги снимил Боки 13 и Зоки Кичеец како изнесуваат од неговиот дом во скапа чанта еден милион евра. Камчев ототгаш го снема во јавноста ,а до вчера летуваше со јахтата. Пред два дена одново стана прва вест во меидумите откако интернет портал незаконски објави мал дел од неговиот исказ кога ја поднесувал кривичната пријава. Откако, пак, Катица Јанева од…
Со денешната одлука на Регулаторната комисја за енергетика, од ноќеска на полноќ стапува во сила новиот ценовник за горивата. Согласно најновата одлука, цените на бензинот остануваат исти, а дизелот поскапува за половина денар.   Супер 95 – 66,50ден Супер 98 – 68,50ден   Дизел – 61,00ден
Условите и безбедноста при работа втора најголема причина за иселување на младите. Од Здружението за заштита при работа велат дека заедно со останатите балкански земји сме најлоши во Европа шо имплементација на регулативите од Европската Унија. Во  Македонија направени се 11 измени на Законот за безбедност и заштита при работа за 12 години, но од тоа нема ефект. Најчесто правилата се почитуваат во големите компании, а најмалку во микро и малите.
Владата ги повика општините да се подготват за секундарна гасификација, за гасот како евтин и еколошки енергенс следната година до дојде до компаниите и домаќинствата. „Многу е важно во овој процес забрзано да работат и општините за да ја градат општинската мрежа за гасот што побрзо да го донесеме до домовите и компаниите“, порача премиерот Зоран Заев при увидот во изградбата на кракот од магистралниот гасовод Неготино-Кавадарци-Битола. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески порача дека општините треба да ги сработат проектите, за да се почне со секундарна гасификација. Како што неодамна објавивме, општините Прилеп и Битола веќе склучија договори со компании кои треба да изработат…