МАКЕДОНИЈА

Новиот шестосед ски лифт којшто се гради на Попова Шапка ќе биде во употреба за оваа зимска и скијачка сезона, вели министерот за економија Крешник Бектеши кој денеска беше на увид во градежните работи на патот до ски центарот. Според Бектеши, техничкиот прием на новиот ски-лифт ќе биде за три до четири недели. -Ќе има теститање на ски лифтот ќе се овозможи на ЕЛЕМ Турс да го стави во функција пред да почне зимската сезона кога Шапка се посетува најмногу. Нема да застанеме тука, наша цел е да создадеме регионален центар којшто нема да придонесе само во локалниот, туку и…
Странските инвеститори во моментов имаат одлични услови за започнување бизнис во државата. Ова е се должи на големиот број на странски компании кои веќе 10 години работат во земјава и решија и понатаму да работат вели за Алсат, Патрик Мартенс, директор на делегацијата на германското стопанство. „Сметам дека условите за странските инвеститори во Северна Македонија се одлични. Во изминатите 10 години во Северна Македонија се етаблираат голем број странски компании. Тие работат се уште во моментов и голем дел од нив ги продолжуваат своите инвестиции. Ги потпишуваат договорите со државата и со слободните индустриски зони“, рече Патрик Мартенс- директор на…
Со донација од 2,2 милиони евра, Катастарот ќе спроведе проект со кој до 2023 година ќе ги зајакнува капацитетите и ќе изработи нови алатки за подобри услуги кон граѓаните и фирмите. Финансиската поддршка е обезбедена од Шведскиот катастар кој ќе понуди и експертска помош за планираните пет компоннети со проектот, меѓу кои воспоставување адресен регистар, центар за скенирање и дигитализирање на сите катастарски документи и модерна геодетска инфраструктура. Со проектот „Соработка за дигитална демократија“, Агенцијата за катастар на недвижности, како што најави директорот Борис Тунџев, ќе добие постојана едукација и  подобрување на техниката и перформансите реализирани во пет компоненти, во…
Катица Јанева по втор пат се соочи со Вилма Рускоска. За разлика од пред 24 дена, поранешната шефица на СЈО, во Обвинителството за организиран криминал денеска на пладне беше донесена од Шутка со полициско комбе. Со лисици и кеса во рацете, затворската полиција ја внесе во зградата за да даде исказ како осомничена во „Рекет“. По неполн час, Јанева излезе и ја вратија во притвор. Не кажала ништо пред Рускоска. Сакала лично да направи увид во доказите во четврток, па дури потоа да ја каже својата верзија на аферата. Прашање: Дали имате некаква реакција за оваа постапка, со оглед на…

Поскапуваат горивата

Понеделник, 23 Септември 2019 13:46
Ново поскапување на бензинот и на дизелот. Од полноќ цената на Еуросупер 95 се зголемува за 2 денари и ќе изнесува 69.5 денари по литар. И 98-та поскапува за 2 денари по што ќе чини 72 денари. Цената на дизелот се зголемува за 1.5 денари и ќе чини 64 денари по литар. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 1 денар на 53.5 денари по литар.Мазутот ќе поскапи за 2.393 денари на 34.034 денари по килограм.
Поволните движења во економијата продолжува и во третиот квартал, оценуваат од Народната банка во последниот месечна информација за септември 2019 година. – Согласно објавените проценети податоци за БДП, домашната економска активност продолжи да расте и во вториот квартал на оваа година, со реална стапка на годишен раст од 3,1 отсто. Податоците за јули за индустриското производство и прометот во трговијата засега упатуваат на продолжување на поволните движења во економијата и во третиот квартал, наведуваат во информацијата објавена од Народната банка. Остварената годишна стапка на инфлација во август оваа година изнесува 0,8 отсто и е пониска од очекуваната, додека во просек…
Банкнотите стануваат „северни“. Народната Банка склучи договори за набавка на нови 10 и  500 денарки. Дизајнот останува ист, единствената промена е додавањето на новото име на државата. „Потребно е да се заменат буквите НБРМ со НБРСМ и текстот Народна Банка на Република Македонија со текст Народна Банка на Република Северна Македонија секаде каде што се појавуваат“ стои во склучените договори. За набавка на 20 милиони парчиња во апоен од 10 денари Народната Банка ќе плати 971 илјади евра, а за 15 милиони парчиња од 500 денари ќе плати 587 илјади евра. Банкнотите ќе се печатат во Обединетото Кралство односно во…
Македонија како земја-увозник на нафта и нафтени деривати, како и повеќето европски држави, е директно зависна од случувањата на светските берзи и од растот на цените. Во согласност со поскапувањата на цените на суровата нафта во светот, можеме да очекуваме и нафтените деривати во Македонија да добијат повисоки цени. Сепак, властите имаат можности преку државните резерви да интервенираат на пазарот доколку се јави потреба. Но експертите велат дека најважно е прво да се види колку ќе траат тензиите и колкав период ќе има намалено производство на нафта.Според аналитичарот Марио Шаревски, порастот на цените на горивата се одразува негативно врз населението,…
Синдикатот, Владата и Организацијата на работодавачи на Македонија се согласиле дека минимална плата може да се зголеми од ноември, кога ќе почне да функционира и субвенционирањето на придонесите за пензиско и здравствено осигурување. Според сознанијата, црвената линија за работодавачите е 14.000 денари, но има и такви што сметаат дека не може да поднесат никакво зголемување на платите. Според она што Владата го ветуваше на почетокот на својот мандат, минималната плата во 2020 година требаше да биде 15.160 денари. – И со 14.000 денари дел од фирмите ќе имаат проблем. Дел од фирмите, особено во трудоинтензивните дејности, се најдоа во незгодна…
- World Chambers Federation (WCF), единствениот Форум на стопански комори каде 20 претставници на глобално ниво раководат над 12.000 стопански комори во целиот свет, оваа година е на годишна средба во Москва, Русија. Нашето позиционирање за прв пат во раководството на World Chambers Federation WCF, меѓу 20 елитни претставници на комори од најсилните светски економии САД, Кина, Велика Британија, Русија, Турција, Индија, Иран, Израел, Италија, Германија, Франција, Канада, Бразил, Германија, Австрија, дава можност за директно учество на светските економски случувања, позиционирање на нашата земја како центар на регионот за влез на нови инвестиции, како и за можности за сигурни партнерства за…