МАКЕДОНИЈА

Драстично се намалија цените на горивата. Тоа го одлучи РКЕ . Бензините забележаа пад за дури три денари, додека пак за два денари паднаа и цените на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство. Тоа значи дека почнувајќи од полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 се точи за 66,50 денари за литар, а  ЕУРОСУПЕР БС-98 чини 68,50. За  60 денариден/лит ќе се полнат резервоари со ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) додека пак 50 денари ќе чини Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)  И цената на мазутот се намали и таа ќе изнесува 32,361 денари за кг.
Додека Македонија било неопходно да забрани увоз на риба за порибување, со иста мерка се заканија и од косовската страна Министерот за земјоделство, Трајан Димковски вели дека причината за забрана на ваквиот увоз  важи за сите земји кои што немаат спроведено мониторинг и немаат гаранција дека материјалот што ќе се внесе кај нас е здравствено исправен. Она за што има дозвола за увоз е свежата риба, но таа ќе треба веднаш да се пласира во маркетите и рибарници. Косово побара македонските надлежни власти да ја укинат забраната, инаку во спротивно би можеле да ни воведат царински бариери.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2019 година, изнесуваше 25 270 денари, според Државниот завод за статистика, а со овие пари вработениот може да купи неколку апарати за домаќинство, поевтин мебел или поголема количина храна. Од продавниците за бела техника велат дека за таа сума може да се купат два фрижидери, но доколку се работи за поевтини производи, може да се набават повеќе апарати за домаќинство.  „Може да се купат машина за садови, машина за перење и микробранова и сето тоа заедно да чини до 25.000 денари. Има и поевтини работи, на пример миксери има од 1000 денари,…
Илјадници Германци, Романци, Унгарци, Срби секојдневно транзитираат низ Македонија, но прашањето што се поставува во овие летни месеци е како дел од нив на патот кон морето барем на кратко да се задржи во земјава.Кратката делница од само 200 километри изморените возачи гледаат да ја поминат што побрзо и одморот да го најдат на некоја морска плажа. Но со добра кампања некои од нив може и да се мотивираат да се исклучат од автопатот и да пробаат некое македонско вино, да уживаат во автентичните домашни јадења, да ја почувствуваат историјата со која дише ова мало парче земја, но и да…

Охрид и Струга полни со гости

Петок, 09 Август 2019 13:21
Спасот од горештините и високите температури деновиве се бара во Струга и во Охрид. Предноста на оние што престојуваат во Струга е тоа што освен во езерото, можат да се капат и во водите на Црн Дрим. Многумина туристи па и локалните жители уживаа на градскиот кеј.   „За стружани подобро е капењето во Дрим, а за гостите во езеро.Јас сум роден 1959 година и од шест- седум годишна возрадт доаѓаме. За стружани традиција е Дрим“… „За луѓе кои живеат покрај Дрим, капењето е исклучиво покрај Дрим. И моите деца се цел ден овде на кејот на Дрим.Струга има пријатна…
Дали е на повидок нова трговска војна помеѓу Македонија и Косово? Косовскиот министер за трговија и индустрија во оставка Ендрит Шала се закани дека неговата земја ќе забрани увоз на повеќе македонски производи, откако Македонија забрани увоз на жива риба од Косово, намената за полнење на рибници. Тој за намерата на Косово го известил и нашиот министер за економија Крешник Бектеши. Во писмото до него, се бара Скопје да ги отстрани бариерите, а ако до тоа не дојде, косовската страна “ќе ги разгледа мерките на реципроцитет за сите производи од Северна Македонија кои се увезуваат на Косово”. “Ова кршење на…
Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил објави податоци од извештајот на Светска трговска организација, според кој, учеството на странските директни инвестиции во БДП во 2012 биле 1,5 отсто, додека во 2018 година 5,8 отсто. – Странските директни инвестиции во бруто домашниот производ во Северна Македонија во 2012 година учествувале со 1,5 отсто, а во 2018 година со 5,8 отсто, според извештајот на Светската трговска организација – World Trade Organization – WTO. Нашата држава е на добар пат!, напиша премиерот на Фејсбук.
Управата за јавни приходи на јавна аукција која ќе се оддржи 22 август ќе врши распродажба на предмети поради неплатени даноци и други давачки. На листата има најразлични предмети, како што се моторни возила, компјутери, машини и друго, но и пелени и влошки. Од понудените автомобили може да се најде „ауди“ (42.000 денари), комбе „мерцедес“ (60.000 денари) и камион „фап (84.000 денари). На линкот може да направите преглед на предметите кои ќе се распродаваат на 22 август
Италијанските медиуми објавија втор дел снимки од операцијата „РЕКЕТ“ каде се спомнува обвинителката Лиле и се слуша женски глас кој се тврди дека е на обвинителката Катица. Целосното видео можете да го погледнете на следниот ЛИНК.  
Мал пазар со ограничена куповна моќ – ова е главната причина зошто Македонија не е привлечна за меѓународните брендови. Глобалните компании се шират во регионот но засега најголем дел од нив ја избегнуваат земјава. „Меѓународните продажни синџири прават длабински анализи пред да се прошират на нов пазар, но нашата земја често воопшто и не се зема предвид односно не е дел од нивното видно поле“, објаснува консултантот за брендирање Христина Бојковска. „Постојат повеќе причини за ова, но главните се ограниченоста на пазарот и во квалитет и во квантитет, односно Македонија е мала земја со мала куповна моќ“, вели таа. Дури…