МАКЕДОНИЈА

Владата ги повика општините да се подготват за секундарна гасификација, за гасот како евтин и еколошки енергенс следната година до дојде до компаниите и домаќинствата. „Многу е важно во овој процес забрзано да работат и општините за да ја градат општинската мрежа за гасот што побрзо да го донесеме до домовите и компаниите“, порача премиерот Зоран Заев при увидот во изградбата на кракот од магистралниот гасовод Неготино-Кавадарци-Битола. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески порача дека општините треба да ги сработат проектите, за да се почне со секундарна гасификација. Како што неодамна објавивме, општините Прилеп и Битола веќе склучија договори со компании кои треба да изработат…
Централното претседателство на СДСМ доцна попладнево ќе одржи седница на која ќе избира нови потпретседатели на партијата и министер за финасии. Директорката на Групер, Нина Ангеловска ќе биде предложена за министер за финасии. За потпретседатели прелдожени се министрите Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и Мила Царовска, пратеникот Мухамед Зекири и Пи-ар експертот Коста Петров кој работеше и во кабинетот на на поранешниот министер за здравство, а сега градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.  Фросина Ременски заминува од потпретседателската функција. Партиски извори за Телма велат дека Ангеловска ја прифатила понудата да биде нов министер за финасии откако претходно антикорупциската комисија утврди дека кај…
Откако Јавното обвинителство оформи предмет за случајот „Рекет“ и три лица отидоа во притвор, меѓу кои и специјалната обвинителка Катица Јанева, Управата за јавни приходи најави дека ќе изврши контрола на работењето на фирмите поврзани со првоосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13. Како што рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска, тие ќе испитуваат дали 1ТВ, БЈМ Медиа груп и МеЃународен сојуз ги платиле сите обврски кон државата. Според поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Слаѓана Тасева, оваа контрола требало да се изврши порано, а не кога обвинителството веќе врши истрага. „Она што е чудно во овој случај е што УЈП најавува…
Градежната комора на  Македонија го поддржува проектoт  „Купи куќа купи стан“ од самиот почеток на неговата промоција и смета дека со новите услови дополнително ќе се влијае на  стимулирање на продажба на нови станови за млади луѓе. Дополнително се поддржува пораст на градежниот сектор во делот на високоградба преку градење на нови станбени единици, задржување на постојните и генерирање нови вработувања, а сето тоа ќе влијае врз пораст на целокупната економија, беше истакнато на денешната прес конференција во Сојуз на стопански комори на Македонија. Претседателот на Градежна комора на Македонија,  г. Ивица Јаќимовски истакна дека со овој проект бенифити имаат и компаниите преку…
Претседателот на Собранието Талат Џафери за во вторник закажа собраниска седница на чиј дневен ред е предлог-закон за јавно обвинителство. Предлогот во собраниска процедура влезе пред пратеничите одмори.   Предлог-законот е испратен во парламентот со европско знаменце, што ги ограничува можностите за негова процедурална блокада. Иако седницата е закажана, засега е неизвесно обезбедувањето на двотретинското мнозинство потребно за донесување на законот.
Голем број граѓани ова лето се пожалиле во Организацијата на потрошувачи дека туристичките агенции не им ги враќаат парите за неискористениот дел од одморот во Грција поради невремето што се случи минатиот месец. – Граѓаните велат дека немале услови да останат понатаму на одмор затоа што немало струја во сместувањето што го уплатиле преку туристичка агенција и затоа бараат поврат на парите за неискористените денови. Но туристичките агенции велат дека невремето е виша сила, тие не можат да предвидат дека нема да има струја и затоа ги одбиваат поплаките на туристите – објаснува Бранко Костовски, правен експерт во Организацијата на…
Планот на АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) е РЕК „Осломеј“ во иднина да работи со поголем интензитет од претходно. Ова денеска го најави генералниот директор и претседател на Управниот одбор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, кој престојуваше во работна посета на РЕК „Осломеј“ – Кичево. – Ќе се работи скромно, со постоечките ресурси и без непотребни трошоци, но ќе се спроведат сите набавки кои се неоходни за работниот и производниот процес за да нема никаков застој, им порача генералниот директор Ковачевски на директорите и раководителите во комбинатот. При средбата, како што соопшти АД „Електрани на Северна Македонија“, беа утврдени…
Актуелната состојба со африканската свинска чума во регионот, ќе биде една од темите на денешниот состанок на Ловечката федерација во Велес, на кој ќе учествува и директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов.Состанок на Ловечката федерација за африканската свинска чума | opserver.mk На состанокот ќе бидат презентирани и мерките за намалување на популацијата диви свињи во земјава како една од превентивните мерки за сведување на минимум на опасноста од евентуално пренесување на вирусот на африканска свинка чума кај нас. Како што најавува АХВ, ќе се обрне внимание и на биосигурносните мерки кои треба да ги преземат ловџиите…
Што ново дознавме со овие бомби на „Ла Верита? Во случајот „Рекет“ се користат два начина за обезбедување на сега само аудио материјали. Од денешната бомба на „Ла Верита“ дознавме и тоа преку еден момент дека оној кој го преведувал текстот на англиски јазик, тој очигледно и гледал и слушал видео и звук, посочува Канал 5. Во еден момент Боки 13 му покажува фотографии на Камчев, а преведувачот објаснува како да го гледа видеото и објаснува дека Боки 13 му ги покажува фотографиите. Засега прашањето е: Зошто се уште јавноста во Македонија нема можност да го види видеото, туку само да…
Заев потенцираше и дека не станува збор за ново-иселени лица, туку за нововработени граѓани во нашата земја. Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави статус со фотографија, на која пишува дека во последниве две години во земјава има вкупно 49.552 нови вработувања. Заев потенцираше и дека не станува збор за ново-иселени лица, туку за нововработени граѓани во нашата земја. „Според Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2019 година евидентирани се 789.414 вработени лица, додека во првиот квартал на 2017 година вкупно вработени биле 739.892 лица. Тоа не се ново-иселени лица, туку нововработени граѓани, тука, во нашата земја“, напиша Заев.