37 ковид-протоколи на едно место: Кои мерки за заштита важат за угостителските објекти, а кои при организирање на концетри

Петок, 03 Јули 2020 12:11 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Владата ги објави протоколите за работа на музеи, галерии и изложбени простори, протоколот за спроведување мерки за заштита од Ковид-19 при организација на настани, промоции, рентал-компании, видео и аудиопродукции и техничка поддршка на овие настани, како и нов протокол за угостителските објекти за сместување.

Објавени се и протоколот за работа на танцовите и балетските клубови, протоколот за вршење меѓуградски превоз, како и препораки и упатства за спречување на ширење на Ковид-19 при влез на македонски и странски државјани во земјава, како и протоколот за организирање спортски настани со упатства за стриктно почитување на препораките што се однесуваат на запазување на здравствената безбедност на играчите и другите вклучени во натпреварите, кои се организираат без присуство на публика.

Настаните да се организираат и одржуваат на отворено, да се организираат со 50% од капацитетот на местото каде што ќе се одржува настанот, задолжително е носењето на лична заштита на лицето на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, задолжително одржување физичко растојание од 2 метра на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, во затворените простори да се овозможи седење преку едно седиште, се само дел од мерките во протоколот за организација на настани.

Владата досега објави 37 протоколи, кои произлегуваат од олабавивање на рестирктивните мерки за справување до кризата која ја предизвика новиот вирус. Сите протоколи може да ги најдете на овој линк.