Филипче: Не е време да се отворат детските градинки

Понеделник, 29 Јуни 2020 12:00 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека сега не е време да се отворат градинките, со оглед на тоа што секојдневно имаме голем број новозаразени пациенти со Ковид-19.

Во однос на веќе спроведениот скрининг на вработените во градинките, Филипче рече дека во тој момент имало услови градинките да бидат отворени, а скринингот се направил со цел да се заштитат децата.

-Сепак, потоа почна да расте бројот на новозаболени, поради што не е возможно да се отворат градинките. Засега тешко е да се каже тајмингот за отворање, но во еден момент тоа ќе се случи, но не знаеме кога, рече Филипче.

Покрај државните градинки затворени се и приватните, како и игротеките и другите дејности кои се поврзани со едукација и забава на децата. Планот беше со отворање на градинките таму да бидат згрижени децата и децата до 10 години кои одат на училиште и на тој начин да може да се укине и мерката за ослободување од работа на родителите кои имаат деца до оваа возраст.