Филипче: Ќе се дозволи организирање на музички настани

Понеделник, 29 Јуни 2020 09:42 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Министерот здравство Венко Филипче денеска рече дека Комисијата за заразни болести одобрила односно усвоила нови протоколите за организирање на музички настани, кои беа забранети со протколите за работа на кафулињата, рестораните и другите угостителски објекти кои беа објавени минатата недела.

-Ќе се дозволат музички настани, но капацитетот на објектите каде се организираат ќе треба да биде полн 50 отсто, карти да се купуваат само електронски и сите учесници на настанот да носат маски. Здруженијата на организатори и на угостители минатата недела предложија навистина солидни протоколи и за пофалба е што прифатија сами да го контролираат почитувањето на мерките - рече Филипче.

Последен пат изменето на Понеделник, 29 Јуни 2020 09:56