„Мој ДДВ“ покажа колку Македонците трошат на домашни, а колку на странски производи

Понеделник, 29 Јуни 2020 08:19 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Од јули минатата година, до средината на овој месец, македонските граѓани за купување на домашни производи потрошиле 10,8 милијарди денари, а на производи од увоз 19,7 милијарди денари, покажува прометот регистриран преку апликацијата Мој ДДВ, односно прометот остварен преку на скенираните сметки од граѓаните.

Според податоците од Управата за јавни приходи во јули, август, септември и октомври прометот од домашни производи се движел околу 700 милиони, а од декември минатата година до април годинава се потрошиле над една милијарда денари.

За странски производи во тој период најмногу трошеле во јули, октомври, февруари и март, како и јуни. Во одредени месеци за купување производи од увоз трошеле и над шест милијарди денари.

Преку мерката МојДДВ, која стартуваше во јули минатата година до март годинава на граѓаните им е извршен поврат на ДДВ од 10,7 милиони евра. Граѓаните добиваа 15 отсто од пресметаниот ДДВ на производите што ги купиле, а од неодамна Владата направи промени за поврат на ДДВ кај македонските производи од 20 отсто и на производите од увоз поврат од 10 отсто.

 

Последен пат изменето на Понеделник, 29 Јуни 2020 08:24