89 новозаболени од ковид-19, најмногу во Скопје и Штип

Понеделник, 01 Јуни 2020 12:23 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека во последните 24 часа се направени 727 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19.

Најмногу новозаболени има во Скопје 35, Штип 27 и Куманово 12, потоа Тетово 7, Кочани 4 и по еден во  Прилеп, Гостивар, Струмица и Свети Николе.

Во ГОБ „8 септември“ починаа 6 лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Тетово, 54 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти.