Објавена Уредбата за субвенционирање на придонеси: Кој може да ја користи оваа мерка и како се исплаќа

Вторник, 07 Април 2020 07:13 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Во Службен весник бр.92 од 06.04.2020 е објавена Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, а се однесува на месеците април, мај и јуни 2020 година.

Субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување согласно оваауредба со законска сила, не може да користат:

- орган на државна и на локална власт и другидржавни органи основани согласно со Уставот на Република Северна Македонија и со закон, институциикои вршат дејност од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во другидејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи, јавнипретпријатија и трговски друштва основани од Република Северна Македонија, општините, градот Скопјеи општините во градот Скопје и

- приватна агенција за вработување за осигурениккој е отстапен кај орган на државна и на локална власт и другидржавни органи

- не може да секористи за лицe- работник со дополнително работењесо неполно работно време кај друг работодавач, согласно членот 121 од Законот за работните односи.

На работодавач, за секој осигуреник, за месеците април, мај и јуни 2020 година, му се субвенционираизнос за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување во висина од 50% од пресметанитепридонеси од задолжително социјално осигурување одстрана на обврзникот, но најмногу до 50% од придонесите од задолжително социјално осигурување пресметани на просечната бруто плата по работник во Република Северна Македонија, според податоците наДржавниот завод за статистика објавена за месец јануари 2020 година.

За користење на субвенционирање на исплата напридонеси од задолжително социјално осигурување, работодавачот треба да ги исполни следните услови:

-намалувањето на вкупните приходи во месец април 2020 година, во месец мај 2020 или во месец јуни2020 година, да изнесува повеќе од 30% во однос напросечните вкупни приходи на месечно ниво остварени во 2019 година, а за работодавач кој е запишан восоодветен регистар (основан) по месец март 2019 година, вкупните приходи за месец април 2020 година,месец мај 2020 и месец јуни 2020 година да се помализа најмалку 30% во однос на просечните вкупни приходи на месечно ниво остварени од денот на запишувањето во соодветен регистар во 2019 година и месецитејануари и февруари 2020 година. За работодавачот којврши дејност од сезонски карактер, намалувањето напросечните приходи за последниот сезонски период одчетири месеци споредено со просечните приходи за сезонскиот период од истите четири месеци во претходната година да изнесува повеќе од 30%;

- бројот на вработени кај работодавачот кој побарува финансиска поддршка, земајќи ги во предвид ивработените преку приватна агенција за вработување,да не е намален за месец април, мај и јуни 2020 годинаво однос на бројот на вработени со состојба на 31 март2020 година, освен во случај на пензионирање илисмрт

-да не исплатува дивиденда на сопствениците, како и да нема извршеноисплата по основ на награда за деловна успешност(учество во добивка, бонус) или друг вид на годишнанаграда на вработените и органите на управување инадзор на работодавачот, од денот на влегувањето восила на оваа уредба, до денот на поднесување на годишна сметка/финансиски извештаи за 2020 година.

Субвенционирање на износот за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување согласно оваа уредба со законска сила, не може да се оствари доколку работодавачот користи финансиска поддршка заради исплата на нето плата во износ од најмногу 14.500 денари месечно по работник за месецитеаприл и мај 2020 година согласно Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите одприватниот сектор погодени од здравствено – економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година.

Субвенционирање на исплата на придонеси одзадолжително социјално осигурување согласно оваауредба со законска сила не може да се користи истовремено за вработен за кој работодавачот користи субвенционирање согласно Законот за субвенционирањена придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата („Службен весник наРепублика Северна Македонија“ бр. 239/19).

Работодавачот поднесуваБарање за субвенционирање на износ за исплата напридонеси од задолжително социјално осигурување доУправата за јавни приходи.

Во Барањето работодавачот приложува Изјава од застапникот по закон заисполнетоста на условите за остарување на правото на оваа мерка.

Поднесувањето на Барањетосе врши преку системот Е-даноци на Управата за јавни приходи, а комплетното барање го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од пет дена од денот на неговото доставување.

Образецот на Барањето е даден во Прилог и е составен дел на оваа уредба со законска сила.

Обврзникот во Месечната пресметка за интегрирана наплата (МПИН образец), што ја поднесува доУправата за јавни приходи, за осигуреникот за коj барасубвенционирање на плаќањето на придонеси во полето 3.23 внесува шифра 620.

Управата за јавни приходи, за осигурениците закои е одобрено субвенционирање, го намалува износотна обврската за плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за износот на одобренотосубвенционирање на придонесите.

Податоците за одобреното субвенционирање наплаќање на придонеси,Управата за јавни приходи ги доставува до Министерството за труд и социјална политика, најдоцна до 20-тиво месецот за претходниот месец.

Износот на одобрените субвенции на придонесиво претходниот месец го уплатува Министерството затруд и социјална политика на посебни сметки за придонеси од задолжително социјално осигурување, најдоцна во рок од 10 дена по прием на податоците одстрана на Управата за јавни приходи.

Работодавачот кој користел субвенција за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување должен е да ги врати добиените финансиски средства во целост, доколку по извршена контрола од страна на Управата за јавни приходи и/или Државниот инспекторат за труд, се утврди дека работодавачот неги исполнил условите, врз основа на решениеза утврдена неправилност.

Работодавачот кој го искористил ова право, а не гиисполнил условите, должен е да го врати износот на субвенции за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, на сметка на Буџетотна Република Северна Македонија.

Работодавачот кој го искористил правото насубвенционирање за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, должен е применитефинансиски средства да ги врати во Буџетот на Република Северна Македонија, но најмногу до износот од50% од:

- остварениот финансиски резултат за 2020 годиназголемен за износот на оданочивите расходи и помалкуискажаните приходи од Даночниот биланс;

- остварениот финансиски резултат од Билансот науспех (добивка пред оданочување) за 2020 година заобврзниците кои се во режимот на годишен данок навкупен приход;

- износот на искажаниот финансиски резултат предоданочување во образецот Б, зголемен за непризнаените расходи за даночни цели од Годишниот даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење насамостојна дејност.

Враќањето на износот ќе се изврши на три месечни рати без камата во месецаприл, мај и јуни 2021 година.

Доколку работодавачот не го врати износот, Управата за јавни приходи ќе изврши наплата по службена должност.

Уредбата во целина може да ја погледнете на овој линк.

Последен пат изменето на Вторник, 07 Април 2020 07:22