Владата со уредба регулираше кога треба да се искористи годишниот одмор и во приватниот сектор

Сабота, 04 Април 2020 21:51 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Во Службен весник на РСМ е објавена Уредба со законска сила за примена на Закон за работни односи со која се регулира кога може да се искористат годишните одмори од мината година и од оваа.

„За работниците вработени во приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19, неискористениот дел од годишниот одмор да се искористи од календарската 2019 година, до 31 мај 2020 година, а за 2020 година годишниот одмор од две непрекинати работни недели, мора да се искористи до 30 јуни 2020 година“, се вели во уредбата.

Во двата случаи е потребно одобрение од работодавачот.