Голем интерес за бескаматните кредити, еве кои дејности може да аплицираат

Четврток, 26 Март 2020 13:44 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Развојната банка на СРМ вчера го објави првиот повик за директна финансиска помош како дел од мерките за намалување на штетните ефекти од економијата од ширењето на новиот вирус.

Во прилог е и листата на дејности кои може да аплицираат за оваа кредитната линија:

Шифра Назив
49.10 Патнички железнички транспорт, меѓуградски
49.41 Товарен патен транспорт
52.21 Услужни дејности поврзани со копнениот превоз
52.24 Претовар на товар
52.29 Останати придружни дејности во превозот
55.1 Хотели и слични објекти за сместување
55.10 Хотели и слични објекти за сместување
55.2 Одморалишта и останати објекти за пократок престој
56.1 Ресторани и останати објекти за подготовка и послужување на xрана
56.10 Ресторани и останати објекти за подготовка и послужување на xрана
56.29 Останати услуги за подготвување и служење на xрана
56.3 Подготовка и послужување на пијалаци
79.1 Дејности на туристичките агенции и организаторите на патувања (туроператори)
79.11 Дејности на туристичките агенции
79.12 Дејности на организаторите на патувања (туроператорите)

Првите 5,7 милиони евра бескаматни кредити како директна помош за микро, мали и средни претпријатија во борбата со КОВИД-19 од денеска се достапни на компаниите. Развојната банка на Република Северна Македонија вчера на својата веб страница www.mbdp.com.mk го објави јавниот повик за оваа прва кредитна линија.

„Во оваа прва фаза, директно ќе ги кредитираме најпогодените сектори – угостителство, туризам и товарниот транспорт. Целта на овие кредити е да им помогне на најпогодените сектори да ги премостат иницијалните ликвидносни потреби во овој период. Кредитите се со каматна стапка од 0%, рокот на отплата е до 24 месеци и грејс период од 6 месеци“, рече Кире Наумов, директор на Развојната банка.

Последен пат изменето на Четврток, 26 Март 2020 14:00