Владата со уредба си даде надлежност да направи и ребаланс на буџетот

Среда, 25 Март 2020 19:27 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за буџетите за време на вонредна состојба, која, како што се утврдува ќе се применува за време на траење на вонредната состојба доколку со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено.

Како што се наведува во соопштението од Владата за Фискалната стратегија за среднорочен период од три години, Завршната сметка на Буџетот на Република Северна Македонија, прераспределбата во рамки на одобрените буџети на буџетските корисници и прераспределбите меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите ќе се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила.

Во Член 2 се утврдува дека активностите за подготовка и донесувањето на Фискалната стратегија за среднорочен период од три години и Завршната сметка на Буџетот на Република Северна Македонија се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба.

„Уредба со законска сила за примена на законот за буџетите за време на вонредна состојба во Член 3 наведува дека буџетските корисници, можат со прераспределба да ги намалат одобрените средства со буџетот до 70% на ниво на ставка, во рамки на потпрограма и буџет, а во Член 4 дека Владата на Република Северна Македонија одлучува за прераспределбите меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите, на предлог на Министерството за финансии. Со усвоената уредба се дава поголема флексибилност на буџетските корисници при управувањето и користењето со планираните средства, односно се овозможува по ефикасно делување во справувањето со епидемијата“, се вели во соопштението на Владата.

Последен пат изменето на Среда, 25 Март 2020 19:38