УЈП нема да објавува листи на должници, се намалува казнената камата од 0,03 % на 0,015 %

Среда, 25 Март 2020 18:15 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Владата информира дека на денешната седница усвои Уредба со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба, која се донесе како мерка за поддршка на компаниите кои претрпеле штети во своето работење заради спроведување на мерките за спречување и ширење коронавирусот COVID-19.

„На Владата на РСМ се предлага намалување на каматата на износот на помалку или повеќе платениот данок и споредните даночни давачки, така што се предлага да се пресметува и наплатува камата во висина од 0,015% за секој ден задоцнување, наместо 0,03% како што уредува Законот. Исто така, се уредува дека Управата за јавни приходи нема да објавува листа на должници на доспеани и неплатени долгови за месеците април, мај и јуни 2020 година“, се вели во соопштението од Владата.