АВРМ дава по 400 денари дневно за ангажирање на невработено лице со ниски квалификации

Понеделник, 09 Март 2020 09:45 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Агенцијата за вработување објавува јавен повик до единиците на локалната самоуправа и Град Скопје кои се заинтересирани за организирање на Јавни работи преку ангажирање на евидентирани невработени лица со ниски квалификации во проекти од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина на локално ниво да се пријават во работниот клуб на АВРМ.

За спроведување на оваа програма е предвидена финансиска поддршка во износ од 400 денари по работно ангажирано лице, дневно, со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест. Единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје ќе учествуваат со кофинансирање во износ од 20% од дневниот надоместок.

Средствата ќе се трансферираат до единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје по истекот на работното ангажирање на лицата..

Работното ангажирање може да биде реализирани во еден циклус годишно, во времетраење од 22 работни дена.

На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.