Во декември 2019 издадени помалку одобренија за градба отколку во декември 2018 година

Петок, 14 Февруари 2020 11:14 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Во декември лани се издадени 286 одобренија за градење, што е за 2,1 процент помалку во однос на истиот месец од 2018 година. Предвидена е изградба на 423 станови, со вкупна корисна површина од 32.307 метри квадратни, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.460.995.000 денари, што е за 59,4 проценту помалку во однос на декември 2018. Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во претходниот период беше издадено одобрение за градење на експресен пат во Североисточниот Регион.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 130 (45,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 56 (19,6. проценти) за објекти од нискоградба и 100 (35 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 286 објекти, на 151 (52,8 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 135 (47.2 проценти) од објектите се деловни субјекти.