Владата објави оглас, бара директор на Агенцијата за странски инвестиции

Четврток, 13 Февруари 2020 13:46 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

На јавен оглас, Владата бара директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.

Директорот ќе има мандат од четири години со можност за повторен избор. Во огласот се наведени условите кои треба да ги исполнува кандидатот меѓу кои и меѓународно признатите сертификати и уверенија.

Владата лани го разреши Вулнет Адеми кој беше избран за прв човек на Агенцијата во февруари 2018 година. За него имаше написи дека трошел премногу службени пари за ресторани и хотели.

Огласот е достапен на следниот линк.