Коронавирусот потврден кај Македонец

Четврток, 13 Февруари 2020 11:05 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Министерството за надворешни работи информира дека согласно најновите информации добиени од јапонските надлежни органи, кај еден од тројцата македонските државјани кои се наоѓаат на бродот “Diamond Princess” во Јокохама, Јапонија е потврдено присуство на коронавирусот.

„Тој во моментот е хоспитализиран во здравствена установа во Јапонија. Амбасадата на Република Северна Македонија во Токио е во комуникација со споменатиот македонски државјанин. Воедно, амбасадата на дневна основа комуницира и со останатите двајца македонски државјани кои сѐ уште се наоѓаат на бродот во Јокохама и кои изјавуваат дека се чувствуваат добро и досега не пројавиле симптоми кои може да укажуваат на присуство на коронавирусот“, велат од МНР.

Министерството за здравство на Јапонија продолжува со спроведување на тестови за присуство на коронавирусот кај лицата кои се наоѓаат во карантин на бродот. При вршење на анализите предност имаат лица со симптоми кои укажуваат на присуство на вирусот, лица над 75 годишна возраст и лица со хронични заболувања.