Национална награда на компанија со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа

Четврток, 13 Февруари 2020 08:42 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Националниот совет за безбедност и здравје при работа со поддршка од Министерството за труд и социјална политика, и оваа година организира Избор за доделување на Национална награда на компанија со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа. Крајниот рок за пријавување на компаниите е 15 март 2020 година.

Повикот за учество во Изборот за доделување на Националната награда за 2019 година е објавен и на web-страната на Министерството за труд и социјална политика каде може да се најде и Барањето за аплицирање како и формат на презентација која треба да се достави заедно со апликацијата.

Наградата и оваа година ќе се додели во три категории, мали компании (до 50 вработени), средни компании (до 250 вработени) и големи компании (над 250 вработени). Изборот ќе биде направен од страна на независна комисија составена од експерти во областа (стручни лица за безбедност при работа и лекари-специјалисти по медицина на трудот).

Пополнетите апликации, заедно со кратката презентација (максимум 8-10 слајдови) која ќе даде генерален приказ или лична карта на компанијата и имплементираните системи/мерки/политики за БЗР, треба да се достават до определениот рок на следните e-mail адреси Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Свеченото доделување на годишните награди ќе се одржи во рамки на одбележувањето на „Светскиот ден за безбедност и здравје при работа 28 април“.

Последен пат изменето на Четврток, 13 Февруари 2020 09:01