Попова Шапка ќе се продава?

Среда, 12 Февруари 2020 14:24 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

АД ЕСМ има стратегија да се насочи кон производството на електрична енергија и токму затоа Управниот одбор и препорача на Владата да ги разгледа можностите за оттуѓување, односно продавање на комплексот Попова Шапка или формирање јавно претпријатие во кое влогот на компанијата и влогот на странскиот партнер ќе значи нова инвестиција на Попова Шапка и враќање на скијачкиот спорт во овој наш реномиран спортски центар.

Ова го порача генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

-Компанијата одвои средства за изработка на физибилити студија за Попова Шапка. Ја работеше реномирана компанија која што даде насока. Имаме три можности – традиционален, односно со продавање на скијачкиот центар, јавно приватно партнерство, или ние како компанија повторно да инвестираме. Денеска на генералниот колегиум исто така ја поставивме таа информација и очекуваме во наредните денови да излеземе конкретно со точна информација како понатаму со Попова Шапка, рече Ковачевски.

Потсети дека е завршена инвестицијата во жичарницата во вредност од 9,5 милиони евра.
-Комплетно е изработена, ставена е технички во функција и се очекува за многу скоро и да ја промовираме и да биде и официјално пуштена во функција, посочи Ковачевски.